Следете го Стив Бланк во живо – сериски претприемач, инвеститор и основач на повеќе старт – ап компании

26

13139089_532386723615606_1529486890048366244_n

Hub Скопје во своите простории овозможува следење на вебинар со разговор во живо на тема како да го позиционирате вашиот производ на пазарот (Product Market Fit), што ја организира Global Innovation through Science and Technology (GIST).

Конференцијата можете да ја следите во живо, денеска (10 мај), од 17.00 до 18.00 часот на следниот линк: http://www.gistnetwork.org/content/gist-online или да присуствувате во просториите на Hub Скопје и директно да поставувате прашања.

Стив Бланк е сериски претприемач, креатор на Lean Startup методата. Тој го промени начинот на кој се гради старт-ап, како да се учи претприемништвото, како компаниите да иновираат.

Како панелисти ќе учествуваат уште и Дона Харис, ко-основач на 1776 и Блејк Стивенс, потпретседател во Harris & Harris Group, Inc.

GIST TechConnect ги поврзува глобално претприемачите од областа на науката и технологијата со американски експерти преку сесии во интерактивното студио на Стејт департментот. TechConnects поврза десетици илјади гледачи низ целиот свет и докажа дека иновациите и претприемништвото немаат граници на денешниот глобален пазар.