Следи нов бран на банкроти? Овој сектор пука

251

По растот во февруари, германските ресторани повторно работеа послабо во март. Прометот е намален реално за 2,4 отсто, а номинално за 1,5 отсто, објави во вторникот Федералното биро за статистика.

Во однос на март лани е забележан номинален раст од 2,1 отсто, но кога ќе се земат предвид зголемените расходи, реалните приходи повторно паднале за 0,9 отсто.

Германската угостителска индустрија сè уште е значително зад прометот од периодот пред пандемската криза. Споредено со март 2019 година, односно пред глобалната зараза, продажбата во истиот месец оваа година всушност била помала за 13,3 отсто.

Откако од 1 јануари се врати редовната стапка на ДДВ од 19 отсто за храната во угостителството, цените за клиентите поскапеа. Затоа се очекуваат нови стечаи во секторот.

За време на пандемијата, владата привремено ја поддржа туристичката индустрија со намалена стапка на ДДВ. И покрај протестите, мерката истече на почетокот на оваа година.