Следниот крипто-циклус ќе започне оваа година, тврди Новограц

31

Мајк Новограц, главен оперативен директор на крипто инвестициската компанија Galaxy Digital, предвидува дека за да се опорави пазарот на криптовалути, Федералните резерви ќе мора да отстапат.

Говорејќи на конференцијата „Consensus 2022“ во Остин, Тексас, тој рече дека Биткоинот нема „добро да се тргува“ додека Федералните резерви „не се оттргнат“ и „не ја тргнат ногата од сопирачката“.

Новограц тврди дека БТК ќе го достигне дното пред американската берза. Извршниот директор на Galaxy Digital рече: „Мојата надеж е дека до четвртиот квартал економијата ќе забави доволно, за ФЕД да каже „ќе паузираме“, а потоа ќе го видите почетокот на следниот крипто-циклус. Тогаш Биткоинот ќе се отцепи од акциите и ќе ги поведе пазарите“.

Новограц ги повика инвеститорите „да се борат против желбата да бидат толку алчни“ за успешно да го поминат следниот биков пазар. Овој совет се однесува како за Galaxy Digital, така и за други компании.

Тој потсети дека инвеститорите кои ја купиле Luna во вистинско време забележале поврат до 300 пати повеќе од нивната почетна инвестиција, што е нереално очекување со оглед на моменталната состојба на пазарот.

„Кога екосистемите одат навистина брзо, има причина за тоа. Знајте во што инвестирате. Не добивате 18% бесплатно“.

На 8 јуни, Новограц, исто така, предвиде дека повеќето хеџ фондови кои инвестираат во дигитални валути ќе пропаднат поради неодамнешниот пад на пазарната вредност.

Милијардерот зборуваше на конференцијата Piper Sandler Global Exchanges & Brokerage Conference во Њујорк кога рече: „Волуменот ќе се намали, хеџ-фондовите ќе треба да се реструктуираат. Има буквално 1.900 крипто хеџ-фондови. Моја претпоставка е дека две третини од нив ќе згаснат“.

Според Новограц, постојаниот пад на цените на криптовалутите во изминатите шест месеци може да се припише на одговорот на пазарот на повлекувањето на стимулацијата од Федералните резерви на САД.