Следува најголемото зголемување на цената на кафето

374

Студениот бран и мразовите кои го зафатија најголемиот светски производител на кафе, Бразил и рекордно високите трошоци за транспорт во следните неколку недели, ќе резултираат со зголемување на цените на кафето на највисоко ниво во последните години, проценуваат аналитичарите.

Зголемувањето на цените на кафето дополнително ќе ја зголеми потрошувачката кошница со основни прехранбени производи, откако веќе поскапеа лебот, растителни масла и шеќер. Индексот на Агенцијата за храна на ОН, кој ги прикажува светските цени на храната во јули, порасна за 31% во однос на истиот месец претходната година.

Најлошиот мраз во Бразил од 1994 година ги доведе цените на кафето на највисоко ниво во речиси седум години.

Степенот на штетата сè уште се утврдува, но во областите каде што стеблата кафе не преживеаја, ќе бидат потребни седум години за целосно закрепнување на производството.

И прекините во глобалната испорака, предизвикани од зголемената побарувачка за стоки за широка потрошувачка по пандемијата и недоволниот број бродови, исто така, предизвикаа нагло зголемување на цените за превоз на кафе до големите потрошувачки земји во Северна Америка и Европа.

Последните податоци на бирото за статистика на САД покажуваат дека во април просечната цена на меленото кафе изнесувала 4,75 долари по либри, што е за 8,1%, повеќе од претходната година и највисоко ниво од јули 2015 година.

Трговците веруваат дека потрошувачите наскоро ќе платат повисока цена за кафето во продавниците, додека трошоците за кафе во кафулињата можеби нема да го следат овој тренд на краток рок.

Инаку, Бразил е заслужен за 30 % од вкупниот светски извоз на кафе.

Фото: Pixabay