Sleep IQ Kids bed- Паметен кревет за квалитетен сон на децата

65

SleepIQ-Kids-Bed

Мирниот сон на децата има големо значење за нивниот правилен раст и развој. Но, голем е бројот на родители што се соочуваат со проблеми кога се работи за спиењето на нивните деца.

На саемот за електроника во Лас Вегас – Consumer Electronic Show, е претставен паметен кревет за деца под името sleep IQ kids. Креветот содржи повеќе апликации што им гарантира мирен сон на децата. Поставените сензори на креветот овозможуваат да се следи времето што е потребно за да може детето да заспие, квалитетот на неговиот сон и слично.

SleepIQ-Kids-Bed-7

Податоците собрани на основа на дишењето, работата на срцето и движењата во текот на спиењето, се генерираат во информации што потоа на родители им помагаат да направат соодветен распоред за спиење на нивното дете, пишува порталот ubergizmo.

Паметниот кревет може да ги предупредува родителите преку нивниот паметен телефон или таблет за тоа кога се буди или кога заспива детето, така што од далечина може да се исклучи лампата поставена на креветот. Предниот дел на креветот е флексибилен и може да се подигне доколку детето сака да чита, или да се смири доколку се закашла. Има дури и опција за контролирање на вообичаените активности како што е миење заби, облекување пижами, а може да го вклучи и светлото доколку детето сака да оди во тоалет или ако се разбуди бидејќи се плаши од темнината.

SleepIQ-Kids-Bed-4

До крајот на оваа година може да се најде во продажба во САД по цена од околу 1.000 долари.