Словаци сертифицираа хибрид на автомобил и авион

119

Летечки автомобил способен за брзини над 160 км/ч на надморска височина од 2.500 метри доби сертификат за летање од Словачката транспортна управа. Сертификацијата дојде по 70 часа тестирање на летови и повеќе од 200 полетувања и слетувања, соопшти компанијата.

Хибридниот авион Aircar е придвижуван од мотор на BMW и редовно бензинско гориво. Потребни му се две минути и 15 секунди да се претвори од автомобил во мини-авион.

„Сертификацијата на AirCar отвора можност за масовно производство на многу ефикасни летечки автомобили“, изјави креаторот на возилото, проф. Стефан Клајн, цитиран од Би-Би-Си. „Ова е официјална и конечна потврда за нашата способност да го промениме начинот на патување на средни растојанија“, додава тој.

Во јуни, летечкиот автомобил заврши 35-минутен лет меѓу меѓународните аеродроми во Нитра и Братислава, Словачка. Сега компанијата се надева дека наскоро ќе се пофали со летечки автомобил кој патува од Лондон до Париз.

„Треба да бидеме претпазливи во врска со оптимизмот за овој нов тип на возила“, предупредува д-р Стив Рајт, виш соработник по авионика и системи за авиони на Универзитетот во Западна Англија.

„Од транспортна гледна точка, постои ниша пазар за такво превозно средство – иако многу интересна ниша“, рече тој. Тој мисли на летечките такси без екипаж.

AirCar полетува и слетува како конвенционален авион и бара возачот да има пилотска дозвола. Но, голем број компании работат на дронови, т.е. целосно автономни воздушни такси со вертикални опции за слетување и полетување. Се очекува ова да биде попогодна и попосакувана форма на транспорт.