Словенци осмислија најлесен “пиштол” за тетовирање

56

1

Словенечкиот старт-ап LACEnano деновиве во САД го тестираат својот апарат за тетовирање за кој тврдат дека е најлесен (тежи само 48 грама), единствен од овој вид кој ќе работи без четкички на моторот и кој во целост ќе може да се стерилизира, пишува Финанце.

Идејата за овој апарат ја добил Петер Буковец, кога пред половина година ја придружувал девојката на конвенција за тетоважи. Додека таа се тетовирала, Буковец во разговор со тату мајсторите ги слушнал нивните поплаки колку се тешки апаратите и уште низа недостатоци. Направил концепт и се придружил на KickUP програмата во Ново Место, каде што му се придружил Рок Јуречиќ. Буковец работел на нацртите, а Јуречиќ го презел маркетингот.

Првиот значаен момент бил кога голема тату групација ја споменала нивната фирма на Facebook. Веднаш потоа ги побарал дистрибутер од Турција, кој покажал интерес за нивната иновација. Преку него добиле врска со дистрибутери за Белгија, Холандија, Германија, Австрија, Франција и други земји. Друг клучен момент е кога тату мајтор од Трст одлучил да го преземе прототипот и да го однесе на тестирање на конвенција која се одржува во Њујорк.