Словенец произведе пиво без глутен

70

pivo

Словенецот Рок Орел произведе пиво за кое тврди дека е прво словенечко пиво без глутен, во кое наместо слад од јачмен или пченица, користи слад од елда (или позната како хељда), јавува РТВ Словенија.

Пивото наречено Др. Орел е претставено во Градскиот музеј во Љубљана, а идејата на Орел е да им понуди на оние потрошувачи што се алергични на глутен, да уживаат во овој пијалок.