Словенечка инвестиција во Кина вредна милијарда евра

46

Фото: Pipistrel

Pipistrel, словенечкиот производител на ултралесни авиони почнал да гради фабрика во Кина вредна една милијарда евра, објави компанијата.

Станува збор за словенечко-кинеска инвестиција, при што Словенците ќе ги произведуваат леталата на електричен погон од марката Panthera, со коишто веќе имаат успех на светскиот пазар.

Кинезите пак, преку локалната компанија Jurong ќе градат деловно-станбен комплекс. Целиот проект е наречен Jurong Aviation Park.

Проектот ги комбинира модерните принципи од авиоиндустријата со нови комерцијални и станбени објекти преку изградба на нов аеродром, фабрика за авиони со врвна технологија, станбени блокови и модерни вили.

Jurong Aviation Park ќе зафаќа вкупна површина од 133 хектари, од коишто 66 ќе бидат комплетирани до крајот на 2018, а останатите во 2019 година.