Словенечка Iskra ја презема хрватска Elka

Словенечката компанија Iskra ја презема хрватската Elka, а трансакцијата ќе биде реализирана по исполнување на условите што вклучуваат и одобрение од надлежните регулаторни тела за заштита на пазарна конкуренција во двете земји

“Компанијата Iskra потпиша договор за купување на 100% удел во хрватската компанија Elka, којашто е најголем производител на електрични кабли во овој дел од Европа“, се наведува во заедничкото соопштение во коешто не се наведува вредноста на трансакцијата.

Двете компании се уверени дека тенденцијата на враќање на производството од Азија во Европа ќе продолжи, па преземањето на Elka е дел од стратегијата на Iskra за ширење на аквизиции на производни компании со пазарен потенцијал.

Хрватска Elka во изминатите две години направила длабинско финансиско и оперативно реструктуирање и функционална реорганизација, како и имплементирање нов менаџмент.

Elka е основана во Загреб во 1927 година, а почетното производство на кабли го проширува делокругот на работа кон производство на нови видови на кабли. Група Iskra оваа година одбележува 75 години од постоењето и е најголема словенечка компанија што се занимава со автоматизирани процеси, комуникациски и безбедносни систем за дистрибуција на електрична енергија, преносни и мрежни системи, прочистувачи на вода, автоматизација на превоз, софтверски решенија за енергетика и логистика…

Фото: Facebook