Словенечка компанија произведе електричен авион за обука на пилоти

27

1

Словенечкиот произведувач на ултралесни авиони Пипистрел разви електрично летало за обука со две седишта. Леталото WATTsUP со две седишта е развиено во соработка со Siemens AG и направено е за потребите на школа за летање, а главна карактеристика му е краткото време за полетување. Батеријата од 17 kWh е дизајнира за брзо и лесно да се замени или да се наполни за помалку од еден час. Дизајниран е за да заштеди на трошоците за гориво при обука на пилоти. WATTsUP е прво електрично летало за обука и ги намалува трошоците за 70%. Пипистрел ќе го претстави концептот за WATTsUP електричното летало на Salon de Blois Airshow во Франција на 30 и 31 август. Компанијата очекува производот да биде достапен на пазарот во 2015 година, а цената ќе му биде под 100.000 евра.

Пипистрел со седиште во Ајдовшчина е формирана во 1987 година и прв приватен произведувач на летала во поранешна Југославија. Името го добила по латинскиот збор pipistrellus, што значи лилјак.

2