Словенечка влада: Задолжителен карантин за патниците кои доаѓаат од Македонија

108

Словенечката Влада донесе одлука граѓаните кои патуваат од нашата држава да бидат сместени во 14-дневен карантин.

Одлуката важи и за државјаните на Словенија кои патуваат од земјава.

“Поради влошената епидемиолошка состојба во Северна Македонија, на сите лица кои влегуваат во Словенија од Северна Македонија и имаат постојан или привремен престој во Северна Македонија, им е одреден карантин во траење од 14 дена, без оглед на државјанството или престојот“, образложија од словенечката Влада.

Фото: Pixabay