Словенечки гигант во вртлог на корупциска афера

148

Словенечката фармацевтска компанија Крка најави сеопфатна истрага во врска со тврдењата дека подружница на Крка во Романија се впуштила во поткуп на тамошни лекари.

Според романскиот весник Libertatea, којшто ја отвори аферата, подружницата на Крка има потпишано договори за соработка со романските лекари преку организација на патување и плаќање на надоместоци за професионални состаноци организирани од Крка, пренесува Јутарњи лист. За возврат, од лекарите било побарано да препишуваат лекови од словенечкиот производител.

“Во случај на откривање на неправилности во работењето на романските колеги, Крка ќе дејствува решително и со сите правни лекови и во согласност со романскиот закон, ќе ги санкционира сите сторители“, стои во соопштението на Крка.

Фото: Pexels