Фото: Gorenje
Словенечкиот производител на апарати за домаќинство, Gorenje почна да ги пласира своите премиум производи на кинескиот пазар, пренесува Xinhuanet.com.
Пред само неколку месеци, кинески Hisense го презема Gorenje, а сега веќе апаратите за домаќинство на словенечкиот производител се наоѓаат во одбрани продавници во Кина. До крајот на годината се очекува да бидат објавени дополнителни компании коишто ќе ги продаваат производите на Gorenje.
“Ние сме подготвени за овој предизвик и со нетрпение очекуваме да ги презентираме нашите иновативни премиум производи на кинескиот пазар“, изјави Фрањо Бобинац, извршен директор на Gorenje.
Gorenje е препознатлив најмногу по фрижидери и машини за перење, иако има широк асортиман на производи, а од неодамна најави дека започнува со производство на телевизори под брендот на Hisense во Словенија.