Словенечки JUB го купи австралиски гигант

93

Компанијата JUB од Дол кај Љубљана, најстариот словенечки производител на ѕидни бои, ќе ја преземе австралиската компанија Dulux, која е дел од јапонската мултинационална компанија Nippon Paint Holdings, за повеќе од 191,3 милиони евра, објавија во четвртокот словенечките медиуми.

Договорот ќе биде потпишан деновиве, а тоа е една од највисоките финансиски понуди за купување на словенечка компанија во последните години, објави деловниот весник Finance.

Акционерите на словенечката компанија, во регионот позната по линијата на бои Јупол, ја прифатија понудата на Dulux, според која ќе добијат 5.500 евра по акција, што е помалку од сумата што ја нудea некои други заинтересирани страни.