Словенечки мебел во новиот хотел на Роналдо

22

sl

Словенечката компанија Lina Design со фотелји го опреми новиот хотел на фудбалерот Кристијано Роналдо, отворен во Мадеира, Португалија.

“Сами нè побараа. Нашите производи во јануари беа изложени на саем за мебел во Париз. По саемот нè побараа од CR7 и ни пратија барање. Не ни кажаа дека со мебелот планираат да го опремат хотелот на Роналдо, за тоа дознавме преку пријател”, вели директорот на дизајн Дамјан Уршиќ за Финанце, пренесува Пословни дневник.

Кристијано Роналдо неодамна го отвори хотелот Pestana CR7, прв во ланецот луксузни хотели. До крајот на годината планира да отвори уште еден хотел во Лисабон, а следната година во Мадрид и Њујорк.

Иновативниот, модуларен мебел на оваа компанија од Камник може да се види во канцелариите на Ikea. Оваа шведска компанија ги уреди канцелариите на своите менаџери со словенечки мебел.