Словенечки Petrol го купи хрватски Crodux

41

Словенечки Petrol го заврши купувањето на 100% од акциите на Crodux, пренесува Дневник.хр.

Цената за стопроцентно деловно учество е 191,7 милиони евра, а Petrol ќе го преземе нето -финансискиот долг кон банките во износ од 19,2 милиони евра.

Купувањето и рефинансирањето на преземените долгови беа финансирани од меѓународен синдициран заем во износ од 200 милиони евра.

Со купувањето на Crodux, Petrol ја зацврстува својата позиција како втор по големина снабдувач на нафтени деривати во Хрватска. Имено, со вкупно 204 продажни места, пазарниот удел на Petrol во Хрватска ќе се зголеми од 13 на 23 проценти.

Преземањето на Crodux е најголемата аквизиција на Petrol во последните десет години. Со ова преземање, Petrol доби уште 93 бензински пумпи.