Словенечки Туш ги затвора продавниците во БиХ

25

tus

Словенечкиот трговски ланец Туш, кој во БиХ работи од 2006 година, одлучи да ги затвори сите продажни објекти во оваа земја, пишуваат локалните медиуми.

Со затворање на продавниците на Туш, без работа ќе останат 550 работници, а во тешка положба се и добавувачите за Туш во БиХ. Тие протестираа поради наводите на Управата на Туш која затворањето го објаснува со тешката деловна ситуација, нестабилно опкружување и пад на куповната моќ во БиХ, особено по катастрофалните поплави годинава.

Од Управата на Туш вчера соопштиле дека отвора формална постапка за затворање на сите продавници во БиХ, а на тоа биле принудени поради околностите и дека не наишле на разбирање од добавувачите кои не им дозволиле продолжени рокови на плаќање.