Словенечкиот БДП намален за 5,5% во 2020 година

31

Словенечкиот бруто домашен производ (БДП) реално е намален за 5,5% во 2020 година, во однос на претходната година, соопшти тамошниот Државен завод за статистика.

Премилинарните податоци покажуваат дека БДП помал за 46,3 милиони евра по тековни цени, што е пад од 4,3% номинално и 5,5% реално во однос на 2019 година.

Домашната потрошувачка во Словенија лани се намали за 6,5%, што е најмногу поради пад на потрошувачката на домаќинствата од 9,8%.

Извозот на Словенија е намален за 8,7%, а увозот за 10,2%. Падот е најмногу изразен во секторот услуги, каде увозот и извозот се намалени за по 20%.

Фото: Pexels