Словенечкиот БДП во првиот квартал порасна за 1,6%

17

Бруто домашниот производ на Словенија во првиот квартал од оваа година се зголеми за 1,6% во однос на истиот период лани, покажуваат официјалните податоци.

Според податоците, порастот на БДП во однос на првиот квартал од 2020 година е 2,3%, додека во однос на последното тримесечје од минатата година скокот е за 1,4%.

Бруто инвестициите во основни средства се зголемени во однос на првите три месеци од минатата година за 7,6%, извозот за 0,8%, а увозот за 0,5%.

Финалната потрошувачка на домаќинствата порасна за 0,4%.

Фото: Pexels