Бруто домашниот производ (БДП) на Словенија во третиот квартал порасна реално за 1,1 отсто во однос на истиот период лани, објави Заводот за статистика.
За девет месеци растот на годишно ниво е 1,3 отсто. Според сезонски прилагодените податоци, економската активност бележи пораст од 1,6 отсто на годишно ниво, додека во тримесечна споредба е намалена за 0,2 отсто, пренесува Мина, повикувајќи се на SEEbiz.
Во вториот квартал, според коригираните податоци, реалниот раст на БДП изнесува 1,6 отсто (првата проценка зборуваше за раст од 1,4 отсто), додека според сезонски прилагодените податоци, БДП во пролетниот квартал е зголемен за 1,7 отсто (првата проценка изнесуваше 1,6 проценти). Во меѓувреме, на квартална основа, БДП порасна за еден процент во вториот квартал.