Словенечкиот безжичен полнач Swich досега собра над 33.800 долари на Kickstarter

48

swich

Безжичниот полнач за паметни мобилни телефони – Swich, производ на словенечки старт – ап, на платформата Kickstarter досега собрал над 33.800 долари од 213 вложувачи.

“Предноста на овој полнач е во дизајнот и користењето на природни материјали, како што се дрвото и керамиката. Телефонот додека е на полначот е поставен под агол од 45 степени, со што може да се користи за телефонирање, пишување пораки, гледање видео или проверка на електронска пошта“, вели Борис Лутман, директор и сопственик на агенцијата Контекст од Љубљана, за порталот startaj.si.

swich 1

Тој вели дека на почетокот никој не бил заинтересиран за нивниот производ, а потоа забележаа голем интерес од САД од каде се најголемиот број на донации.

“Цената на Swich е 125 евра. Таа се пресметува на основа на производство од 500 до 1.000 парчиња,  бидејќи не е наменет за масовно производство. Нашата цел не е продажба за широките народни маси, туку за оние кои вистински уживаат во дизајнот“, вели Лутман.

swich 2

Инаку, Swich e безжичен полнач за мобилни телефони што се состои од две керамички плочки поврзани со дрвен столб направен од дрво од орев. Во внатрешноста има вградено Qi wireless технологија што ја користат повеќе технолошки брендови, меѓу кои се Asus, HTC, Huawei, LG, Motorola, Nokia, Samsung, BlackBerry и Sony.

На оваа безжична платформа, според производителот, може да се полнат и iPhone, Android и WP. За да може мобилниот телефон да се полни, потребно е да се стави маска што поддржува Qi wireless. Доколку имате Nokia Lumia или можеби Nexus 5, во тој случај не ви се потребни маски за безжичната технологија бидејќи тие имаат вградено Qi wireless.

maska