Словенечкиот пазар на труд останува затворен за Хрватите

55

KatanecОдборот за труд, семејство и социјални прашања на словенечкиот парламент, без ниту еден глас против го поддржа владиниот предлог закон со кој пазарот на труд во Словенија ќе остане затворен за работници од Хрватска и по влегувањето на оваа земја во Европската унија.

Владата овој законски предлог го образложи со податокот дека во Словенија невработеноста е во критичен пораст, а во Заводот за вработување се пријавени 124.000 лица. Паралелно, во Хрватска стапката на невработеност е 22%, па отворањето на пазарот на труд за хрватски работници би ги намалило шансите за вработување на словенечките државјани.

Тоа значи дека исто како и до сега, Хрватите во Словенија ќе се вработуваат само со работна дозвола.

Според податоците на Владата, во Словенија работат околу 5.000 хрватски државјани на основа на работна дозвола, главно во дефицитарни професии и во пограничните подрачја.

Словенечкиот парламент за овој предлог закон треба да се изјасни следната недела.