Словенечката централна банка ги отфрли шпекулациите дека банките во оваа европска земји некое време ќе бидат затворени поради резултатите на стрес тестовите, чија објава се очекува следниот петок и дека пари ќе можат да се подигаат само на банкомати.
“Се работи за целосно невтемелени и непотребни шпекулации. Нема да се случи ништо посебно и банките сосема нормално ќе работат”, изјави вицегувернерот Јанез Фабијан за Словенечката телевизија.
Фабијан додаде дека Централната банка ќе објави колку средства им се потребни на банките за да се докапитализираат.
Словенечкиот парламент минатата недела го изгласа Законот за стабилност на банките, според кој државата може да ги докапитализира со вкупно 4,7 милијарди евра.