Словенечките овоштари со одговор на руското ембарго: Да јадеме словенечки јаболки

34

jabolki

За да ги неутрализираат ефектите од руското ембарго на увоз на овошје и зеленчук од ЕУ, словенечките овоштари започнаа акција Да јадеме словенечки јаболки.

“Имаме голем вишок на јаболки, па вака сакаме да ја зголемиме домашната потрошувачка за еден килограм по жител”, вели за словенечко Дело претседателот на здружението произведувачи на јаболки, Боштјан Козоле. Тој додава дека се работи за спонтана акција на домашните овоштари, кои се загрижени дека поради политичката ситуација нема да можат да ги извезуваат големите вишоци во Русија. Оваа година ќе биде отежнат и извозот во Европската унија, затоа што годинава за јаболките е многу родна.