Словенија: Братушек најави нов круг на приватизација

22

alenkaСловенечката премиерка Аленка Братушек најави дека владата составува нова листа со компании со државни удели кои ќе одат на продажба, односно ќе се приватизираат.

“Пописот ќе биде завршен за два – три месеци”, изјавила Братушек за германскиот весник Handelsblatt, додавајќи дека некои компании ќе бидат целосно прватизирани, некои делумно, но дека државата ќе ги задржи во своја сопственост стратешките претпријатија.

Братушек за весникот ја повторила намерата на владата годинава да ја заклучи приватизацијата на 15 претпријатија и банки, кои лани беа ставени на листа за продажба. Од нив, досега се продадени само две компании, фабриката за бои и лакови Хелиос и произведувачот на ласерски уреди Фотона.