Словенија формира фонд за спасување на банките

25

banka slovenije

Централната банка на Словенија формира посебен фонд за спасување на деловните банки во земјата. Фондот е основан со 191,07 милиони евра, средства што ги уплатиле банките и штедилниците во земјата, јавува Rtvslo.si.

Нивото на финансиски средства во фондот е 2,3% од гарантните депозити во сите банки во Словенија, односно околу 345 милиони евра. Досега, банките уплатија 1,3% од свотата на сите гарантирани депозити.

Во спасувачкиот фонд, финансиски средства уплатија сите словенечки банки, освен Probank, Factor bank, SID bank и филијалите на банките од Европската унија. Сите банки, што се обврзаа на соработка, мора да бидат во можност во секој момент да обезбедат пари во износ од 1% од гарантните депозити или околу 150 милиони евра.

Се очекува фондот да работи до декември 2024 година.