Словенија ги продава државните компании

41

Поради економската ситуација, словенечката влада одлучи да ги продаде трите компании во сопственост на државата – Телеком Словенија, Триглав осигурување и енергетска компанија Петрол.

Словенечко Дело пишува дека Владата веќе има планови да го продаде Телекомот и дека ова може да се објасни со неодамнешниот бран на зголемување на цената на акциите на оваа компанија, која се зголеми за речиси 30%.
Државата во Телекомот има 74% од акциите, а нејзината вредност се проценува на околу 372.000.000 евра. Како потенцијален купувач се споменува Дојче Телеком, а владата планира да задржи удел од 25%.
На аукцијата се осигурителната компанија Триглав, за која, наводно, интерес покажала американска финансиска компанија, а за енергетска компанија Петрол се заинтересирани руски Газпром и унгарски МОЛ.
На понуда се три четвртини од Адрија ервејс.