Словенија го продава сертификатот за авио – оператор на Adria Airways

57

Стечајниот управник на Adria Airways, Јанез Пустатичник, објави дека сертификатот на авио операторот, со останатите лиценци, ќе биде продаден на аукција на средината на јануари, пренесува Exyuaviation.

Сертификатот на авио операторот (Air operation certificate – AOС) на оној којшто го поседува му дава можност да организира комерцијални летови, а го издава регулаторно тело за авио сообраќај во земјата.

АОС издаден од Словенија на сопственикот му овозможува да организира летови од земјата и другите земји членки на ЕУ. Иако важноста на овој сертификат истекува на крајот на годината, словенечката агенција за цивилно воздухопловство е подготвена да ја продолжи неговата важност.

Според информациите, стечајниот управник добил пет необврзувачки понуди за различни делови од Adria Airways, вклучувајќи и дозволи и лиценци. Како што се наведува, една понуда од 45.000 евра е за нивниот сертификат, заедно со други документи.

Тамошното регулаторно тело смета дека сертификатот ќе биде корисен на оној којшто ќе го купи банкротираниот словенечки авиопревозник.

Adria Airways во октомври поднесе барање за стечај поради сериозните финансиски проблеми со коишто се соочи.

Фото: Pixabay