Словенија извезла 123.000 тони пластичен отпад во 2020 година

32

Словенија минатата година извезла над 201.000 тони отпад што е значително зголемување во однос на 2019 година, кога се извезени околу 135.000 тони.

Најголем удел во извозот има пластичниот отпад со 123.000 тони, што е за 30% повеќе во однос на 2019 година, пренесуваат словенечките медиуми.

Бројот на царински декларации во Словенија за извоз на отпад лани изнесуваше скоро 3.760.

На годишно ниво најголем пораст има кај пластичниот отпад, горивата добиени од ѓубре, како и метален и пластичен отпад.

Најголем дел од словенечкиот пластичен отпад е извезен во Малезија (над 37.000 тони), по што следат Босна и Херцеговина (28.700 тони), Турција (24.900 тони) и Индонезија (22.120 тони).

Од друга страна, Словенија во 2020 година извезе околу 83.000 тони отпад, што е за 15% помалку одошто во 2019 година. Најголем дел од извозот отпаѓа на метален, неметален, хартиен и пластичен отпад.

Фото: Pexels