Словенија ја затвора амбасадата во Иран за да заштеди

27

slovenija iranПоради штедење, Словенија на 20 март ќе ја затвори својата амбасада во Иран, објавни словенечкото министерство за надворешни работи. Одлуката за затворање на дипломатското претставништво во Техеран е донесена поради финансиските и економски прилики во Словенија кои бараат значително намалување на трошоците на дипломатската мрежа.

Од 1 февруари годинава, откако одлуката на владата ја прифати парламентот, за издавање визи и застапување на Словенија е овластена амбасадата на Австрија во Иран.

Словенија ја отвори амбасадата во Иран во 1993 година.

Поради спроведување на мерките за штедење и рационализација на дипломатската мрежа, Словенија минатата година ги затвори своите амбасади во Шведска, Финска, Португалија и Ирска, како и генералните конзулати во Дизелдорф и Њујорк.