Словенија ќе поставува полначи за електрични автомобили по автопатиштата

26

sl

Првите брзи полначи за електрични возила на словенските автопатишта ќе се најдат во мај 2015 година, пишува словенечки Финанце.

Предвидено е да бидат поставени 26 полначи, во рамките на пилот – проектот воспоставување основна мрежа на брзи полначи за електрични автомобили. Потоа, до крајот на 2015 година, ќе се постават уште 24 полначи.

Во рамките на проектот во најголема мерка ќе се користи веќе постоечката инфраструктура, како бензински пумпи, одморалишта и постоечката електрична мрежа.