Словенија минатата година силно го зголеми обемот на трговска размена со Русија

66

Меѓу податоците за надворешнотрговската размена на Словенија,  во око паѓаат податоците за размена на стоки со Русија. Во првите 11 месеци од минатата година извезле за 30 отсто повеќе во Русија, а увозот од Русија е зголемен за повеќе од три пати во однос на истиот период лани. И покрај војната во Украина, санкциите и ембаргото, најмногу го зголемиле увозот на енергетски производи.
„Ова најмногу се работи за преработени нафтени деривати, не толку за сурова нафта“, објасни за Телевизија Словенија Бојан Иванч, главен економист на Стопанската комора на Словенија. И Министерството за економија во своето образложение наведува дека апсолутниот пораст на обемот на увозот е резултат пред сè на повисоката вредност на увезената стока, а не толку на зголемувањето на фактичката размена на стоки.

Истовремено, министерството додава дека ниту нафтата ниту гасот во тој период не биле под санкции, односно не биле предмет на забрана за увоз. Имено, податоците покажуваат дека вредноста на увезените нафтени деривати е речиси двојно зголемена. Но, тоа значително ќе се промени оваа година. Не можам да замислам дека некој од ЕУ, кој ќе нарача нафта во регионот, ќе го игнорира ембаргото, рече Иванч.

Од друга страна, речиси целокупното зголемување на извозот се објаснува со лекови кои не се под ембарго. Една од фармацевтските компании има фабрика и во Русија, а за производство на производи во Русија секако и се потребни одредени полупроизводи кои се извезуваат од Словенија во Русија, рече Иванц.