Словенечката влада одобри државна помош од пет милиони евра за операторот на аеродромот Јоже Пучник, Fraport Slovenia, којашто чека одобрение од Европската комисија.
Помошта е околу една третина од проценетите загуби што операторот ги очекува како последица од пандемијата, пренесува Ex Yu Aviation.
Fraport Slovenia е во целосна сопственост на германската компанија Fraport Group.
Словенечкиот оператор проценува дека оваа година ќе загуби околу 15,3 милиони евра поради коронавирусот. Пресметката се заснова на намалената оперативна добивка во споредба со 2019-та година.
Бројот на патници оваа година ќе се намали за 80%, а аеродромот ќе постигне само 18% од минатогодишните резултати.
Словенечкиот аеродром е во процес на изградба на нов терминал, којшто би требало да биде отворен следното лето.
Фото: Freepik