Словенија: Отворена првата фаза за продажба на Жито

23

ZITO

Словенечкиот државен холдинг (СДХ) и уште шест фондови здружени во продажен конзорциум, вчера ја отворија првата фаза за продажба на 51,55% акции во прехранбената компанија Жито, чија моментална вредност според котацијата на Љубљанска берза изнесува 42,7 милиони евра.

Во првата фаза потенцијалните купувачи до 31 октомври мораат да достават необврзувачка понуда. По истекот на рокот, продажниот конзорциум ќе одлучи кои фирми ќе бидат повикани во втората фаза, кога на потенцијалните инвеститори ќе им се овозможи длабинско снимање и предавање на обврзувачки понуди, пишува Пословни дневник.

Жито е една од 15-те компании кои словенечката влада ги стави на листата за продажба. Жито е еден од најголемите произведувачи на прехранбени производи во Словенија и регионот, со продукти во палетата пекарски производи, смрзната храна, кондиторски производи (Горењка, Шуми), зачини (Маестро) и други производи.