Словенија се откажа од национална авиокомпанија – Air Serbia во игра?

66

Словенечката влада се откажа од плановите за воспоставување нова национална авиокомпанија со користење на средства од ЕУ, пишува порталот Exyuaviation.

Планот, кој мора да биде одобрен од Европската комисија, со цел земјата да добие грант од 1,6 милијарди евра и 3,6 милијарди заеми за ублажување на последиците од пандемијата, повеќе не содржи предлог за финансирање на новата авиокомпанија.
Европските претставници претходно изразија загриженост во врска со планот да се потрошат 76 милиони евра за создавање на нова национална авиокомпанија. Словенечкото Министерство изјави дека финансирањето на новата авиокомпанија не е во согласност со “зелените“ политики на ЕУ.

“Бидејќи авијацискиот сектор сè уште не се префрли на обновливи извори на енергија и главно користи фосилни горива, овие барања не може да се исполнат. Затоа го повлековме предлогот и во моментов бараме решение за алтернативни извори на средства“, изјавија од министерството за словенечкиот весник Дело.
Словенија имаше најголем пад на комерцијалните летови кон ЕУ по Грузија, поради влијанието на корона вирусот и банкротот на националната авиокомпанија Adria Airways на крајот на 2019 година.

Српска компанија во игра

Во меѓувреме, Здравко Почивалшек, словенечкиот министер за економски развој и технологија, разговараше со Јиржи Марек, директор за трговија и стратегија на Air Serbia.

“Тие разговараа за можностите за подобрување на поврзаноста на Словенија со светот преку соработка. Поради доверливоста на деловните информации, веќе не можеме да кажеме ништо за тоа “, изјави словенечкото министерство за Дело.

Фото: Facebook