Словенија се откажува од идејата да формира државна авиокомпанија

27

Формирање на нов авиопревозник во целосна или делумна државна сопственост е малку веројатно, бидејќи ризиците се високи, изјави словенечкиот премиер Марјан Шарец.

Создавање на нова компанија беше една од опциите што словенечката влада ги разгледуваше за да може Словенија да остане поврзана со остатокот од светот по банкротот на Adria Airways.

“Нема некое значајно решение, бидејќи ризиците се многу високи. Според мене, многу е мала веројатноста да добиеме сопствена авиокомпанија“, вели Шарец за словенечките медиуми.

Се проценува дека ако се формира нова авиокомпанија, таа ќе забележи загуба од 20 милиони евра во првата година.

Стечајот на Adria Airways, којашто државата ја продаде на германскиот фонд за инвестиции 4К, заврши на втори октомври.

Фото: Pixabay