Словенија, Турција и Србија лидери во иновации во ЈИE, а каде е Македонија?

95

Словенија е рангирана на највисоко место меѓу земјите од Југоисточна Европа (ЈИЕ) во однос на националните системи за иновации, а потоа следат Турција и Србија, објави Европската комисија.

Словенија ја следат две земји кои не се членки на ЕУ, Турција и Србија, додека Романија и Бугарија се единствените членки на ЕУ во групата скромни иноватори, со оценка под 50% од просекот на ЕУ, објави Европската комисија во најновото издание на годишната табела за иновации во Европа.

Сепак, Словенија беше единствената земја во групата 12 умерени иноватори што забележа намалување од 9,9% на резултатите, поради влошување на перформансите на новите докторати, пренесеува Seebiz.

Перформансите на Србија беа особено силни бидејќи земјата го зголеми својот резултат за 13,2%, поради силниот продор на широкопојасната мрежа. Турција го подобри својот резултат за 12,5%, а заедно со Словенија е единствената земја од ЈИЕ во групата умерени иноватори.

Црна Гора, која за прв пат е вклучена во табелата и Северна Македонија се меѓу скромните иноватори, иако резултатите се зголемија за 5% и 14,8%.

Фото: Pixabay