Словенија забранува пластични производи за еднократна употреба

77

Словенечката влада забрани продажба на речиси сите пластични производи за еднократна употреба, со неколку исклучоци.

Уредбата, исто така пропишува означување на одредени пластични предмети за еднократна употреба и нивно пакување со цел да се подигне свеста за рециклирање, пренесува агенцијата СТА.

Производите забранети со оваа регулатива вклучуваат пластични прибор за јадење, чинии и сламки, како и стапчиња за уши, освен оние што се користат како медицинска опрема. Забраната исто така важи и за употреба на пластични стапчиња за мешање и пластични рачки за балони, освен оние наменети за индустриска употреба, а не за клиенти.

Покрај тоа, регулативата утврдува нови правила за означување на одредени производи од пластика за еднократна употреба и нивно пакување со цел да се информираат потрошувачите како да постапуваат со отпадот од таквите производи. Меѓу производите подложени на такво обележување се влошки, тампони и апликатори, влажни марамчиња, пластични чаши…

Казните за непочитување на прописите се движат од 3.000 евра за извршен или одговорен сопственик, до 5.000 евра за претприемачи и до 15.000 евра за правни лица, наведува словенечката агенција.