Словенката Уршка Сршен највлијателна жена на старт-ап сцената во централна Европа

22

urska

Словенката Уршка Сршен од словенечко – хрватскиот старт – ап Bellabeat е прогласена за највлијателна жена на старт-ап сцената во централна Европа во финалето на Central European Startup Awards (CESA), што изминатиов викенд се одржаа во Љубљана.

Организаторите истакнуваат дека годинава добиле 800 единствени номинации за 12 категории.

За старт-ап на годината е прогласен полски Brainly, кој воедно е и старт-ап со најголемо општествено влијание. За најдобар коворкинг простор е прогласен австрискиот sektor5, а за инвеститор на годината е прогласен Андреј Кишка од чешкиот Credo Ventures.

Победниците од Љубљана понатаму ќе се натпреваруваат на глобално ниво со победниците од другите региони, на Global Grand Finals 2017.

Сршен годинава беше прва на листата млади претприемачи и иноватори под 30 години во Европа на магазинот Forbes. Таа заедно со математичарот Сандро Мур го создаде стартапот Bellabeat, којшто е заслужен за првиот масовно популарен уред за жени Leaf и системот Bellabeat, којшто ја следи бременоста на жените.