Сложени градежни конструкции ќе се изведуваат со 3D печатен бетон

38

3D beton

Не е далеку моментот кога времето потребно за изведување сложени конструкции од бетон ќе се намали од неколку недели на неколку часа, пишува Градња.рс.

Архитектонските форми стануваат се покомплицирани и позаоблени, а има се помалку градежни компании кои можат да ги исполнат овие барања за релативно краток период.

Поради тоа професорот Ричард Бушвел од Универзитетот Лонгбороу започна проект со компанијата Foster + Partners и градежниот гигант Skans на развој на технологија за 3D печатење на комплексни елементи од бетон.

“Познатата зграда St. Mary’s Axe на компанијата Foster е комплексна, но ние секако сакаме да развиеме систем што израдбата на таквите згради ќе ги сведе на само една година“, вели Бушвел.