Smalt – паметен и интерактивен соларник

63

solarnik

Фото: Indiegogo

Калифорниската компанија Herb & Body претстави паметен соларник со кој корисникот може да избере како и колку ќе ја посоли храната. Паметниот соларник Smalt во себе има вградено Bluetooth звучник којшто може да се поврзе со мобилен телефон и да се слуша музика. Покрај тоа, на звучникот се инсталирани и разнобојни светла.

Корисникот може да ја избере количината и начинот на кој ќе ја посоли храната. Кога Smalt ќе се поврзе со апликација за iOS и Android, со неколку кликови може да одбере дали сака да го посоли јадењето многу или малку.

Креаторите на Smalt велат дека овој соларник нуди и забава, бидејќи на него може да се слуша музика, а светлото прави амбиентална атмосфера.

Поставен е на платформата за групно финансирање Indiegogo, каде треба да собере 25.000 долари, а до крајот на кампањата останува уште еден месец и има остварено 33% од потребната сума.