Smart Plate е првата интелигентна чинија што веднаш ја регистрира и анализира храната. Благодарение на оваа иновативно решение, корисникот на Smart Plate ќе има увид во количината на калории што ги внесува.
Зад неговиот дизајн стои старт – ап компанијата Fitly од Филаделфија. Корисникот може да ја поврзе паметната чинија со мобилниот уред, преку бесплатна апликација којашто го регистрира и анализира оброкот.
Една од главните предности од користењето на Smart Plate е тоа што веднаш ја идентификува храната, бројот на калории што ги содржи и истите податоци автоматски ги генерира.
Досега 261 инвеститор вложил во оваа креативна идеја поставена на глобалната платформа за групно финансирање, Kickstarter. Досега се собрани 27.980 долари, а крајната цел на проектот е 100.000 долари.
Се очекува Smart Plate да се појави на пазарот во текот на 2016 година.