Smart up – Your story: Презентирани 10 бизнис идеи на третата Smart Up Конференција

36

1

SWT Алумни Македонија, вчера во Куршумли Ан, Стара Чаршија во Скопје, ја одржа третата по ред Smart Up Конференција на тема Smart up – Your story.

На конференцијата, своите бизнис идеи го претставија десет учесници на втората Start Up Академија: Горјан Стојановски, Мартина Рмуш, Антониела Стамевска, Александар Дамески, Јована Темелковска, Емир Слезовиќ, Љупче Стојанов, Викторија Маринкова, Дарко Аргакијев, Вангелија Трембелиева.

Конференцијата ја отвори претседателот на здружението Марко Георгиевски, а воведно обраќање за значењето на претприемништвото имаше и амбасадорот на САД во Скопје, Н.Е. Џес Бејли. На настанот присуствуваа повеќе од 350 гости кои ги слушнаа излагањата на 10-те млади претприемачи и имаа можност да им постават прашања поврзани со нивните бизнис идеи. По презентациите, на конференцијата говореа Ѓорѓе Војновиќ, поранешен македонски кошаркарски репрезентативец и Анита Латифи, маркетинг, Албански театар Скопје.

2

Со Smart Up конференцијата и официјално за затвора втората Start Up академија. Аплицирањето за третата академија ќе започне на 1 октомври.

Smart up претставува уникатен концепт за мотивирање на младите, поттикнувајќи ги да ги развијат своите претприемачки вештини.

USA Summer Work & Travel Алумни Македонија е непрофитна организација, формирана доброволно по иницијатива на US State Department, од група на млади студенти. Основна цел на SWT Алумни е создавање на интерактивни и развојни кариерни програми и иницијативи кои ќе им овозможат на младите целосно да ги развијат своите вештини и знаења за да можат полесно да ги имплементираат своите иновативни идеи на македонскиот пазар.