SmartBe – самовозечка количка за бебиња со камера, грејач за затоплување на млеко…

117

smart be kolicka

SmartBe е количка за бебиња што со помош на електричен мотор и сензори може да се движи самостојно и да одржува безбедно растојание до оној кој го шета бебето, пишува SF Gate.

Зад дизајнот на SmartBe стои претприемачот Гиљермо Моро, кој е татко на близнаци. Неговата идеја била да се создаде количка во којашто ќе им биде удобно на бебињата, а нема да претставува напор за родителите.

Родителите ќе бидат сигурни дека на бебето му е удобно во оваа количка, бидејќи истата е опремена со систем за пуштање музика, посебен грејач за затоплување на шишето со млеко, веб камера и апликација за мобилни уреди.

smart be kolicka 1

Количката има технологија којашто се активира во случај на опасност, па овозможува самовозечката количка да ја намали брзината на движење или да запре доколку има опасност на патот.

Во комплетот се вклучени и неколку навлаки што ги штитат бебињата од студ, дожд, сонце и инсекти. Само авторизирани лица, како што се родителите или дадилките, ќе можат да управуваат со количката.

SmartBe може лесно да се трансформира во количка за две бебиња.

smartbe kolicka