Smartify – апликација за препознавање на уметнички дела

47

smartify

Фото: Smartify

Smartify е бесплатна апликација преку којашто корисникот може да скенира и идентификува уметнички дела. Корисникот треба да ја преземе апликацијата на својот паметен телефон и да ја насочи камерата кон уметничкото дело, а на екранот ќе се појави името на делото, краток опис и куса аудио критика за тоа дело.

Уметничкиот идентификатор Smartify, што е достапен за iOS и Android оперативен систем, соработува со повеќе од 30 музеи низ светот, пишува The Spaces.

“Се надеваме дека ќе ја промениме употребата на мобилни телефони во галерискиот простор како ангажман, а не одвлекување. Корисниците може да откријат повеќе за збирките и изложбите и да изградат лична колекција на омилени дела за споделување“, вели ко-креаторот на апликацијата Ен Лов.