Смирено!

24

noze

Фото: Pixabay

Пред некој ден, речиси сите дознавме дека сме 10-та земја во свет според живеење во стресно опкружување. Не дека некоја квантна физика открија или пак, тоа беше точно, но она што е точно е дека сите, не само ние, живееме во доста стресно време и период. Живееме во време на несигурност (локална и глобална), во време на постојани промени на кои можеме и не можеме да влијаеме, време на постојани адаптации.

Свесни дека сме во таков период, ние постојано настојуваме ситуацијата да ја адаптираме на нас, а не да направиме некоја промена што ќе може да не смири и да нè одвлече од тоа стресно живеење. Во оваа можност, сакам да споделам со вас неколку совети – како за кратко време да ја намалите напнатоста која е моментално присутна кај вас:

  • Прекинете да го работите тоа што го работите – најдобар начин да прекинете или да ја намалите напнатоста е да прекинете каква била акција и интеракција со она што ве прави да се чувствувате така, независно за што да се работи. Мора да бидете подготвени дека ќе треба понекогаш да преземете и порадикални мерки. Би било неубаво, ако знаете што ве доведува до таква ситуација, а вие сепак да продолжувате да го правите тоа.
  • Рефокусирање на сетилата – кога сме во таква ситуација, нашите сетила се накострешени и доста чувствителни. Доколку можете да ги рефокусирате на нешто друго, тоа би можело да ви овозможи да се смирите и да почнете да ги согледувате работите од друга перспектива. Покрај тоа, целото тело ќе ви се префрли на друг концепт на функционирање што дополнително ќе овозможи фокусот да ви биде на друго место.
  • Инвестирајте во себе – дајте си можност да одите на некоја масажа или да правите некое хоби кое може да ве релаксира (рибарење, јога, градинарство и слично). Освен што ќе ве опушти, ќе ви го одвлече вниманието, но и ќе ви даде време да потрошите на себе, нешто што поради тоа што сте го правеле не сте имале можност.
  • Исхрана – колку пати сме зборувале дека исхраната и тешките пијалаците можат да влијаат на ситуацијата во која се наоѓате. Тешките и долги јадења, пиења, можат да влијаат дополнително на вашето стресно расположение, па дури и да го зајакнуваат. Избегнувајте ги во текот на овој период. Нема да умрете од глад или жед, а ќе ви биде подобро.
  • Размислете малку за она што ве први да бидете стресни – причинителите за стрес може да се надградуваат постојано, а на крај да не сме ниту свесни за нив. Не сме ниту свесни од каде сè започнала, а ако сакаме да го прекинеме стресот, мора да го најдеме главниот предизвикувач. Во такви ситуации, најважно е да направиме дистинкција од примарните и од секундарните емоции што не довеле до таа ситуација, да пробаме да ги разделиме на делови сите оние фактори што влијаат на нас и нè довеле до таа ситуација и на крај да знаеме како да не донесуваме предвреме заклучок за сите овие работи, туку да пробаме да ги анализираме од сите страни
  • Избегнувајте вознемирувачки ситуации – убаво е ова да се каже, но од каде да знаете? Е, па пробајте да предвидите ситуации и доколку знаете дека од некоја ситуација можете да се вознемирите, немојте да ја правите.
  • Дружете се со луѓе кои можат да ве смират – доколку сте во таква ситуација, само тие можат да ве смират. Тие знаат како да ја преземат вашата „негативна“ енергија, а кај вас ќе се намали сето тоа. Гледајте да поминете време со луѓе кои ве знаат, кои ја познаваат ситуацијата, но и ве поддржуваат. Негативни луѓе во овој период не ви требаат. Не ви требаат во целиот ваш живот, но во овој период најмногу!

Ничиј живот не е без стрес. Прашањето е колку вашиот живот ќе биде со помалку стрес. Тука се наредени неколку совети што можат да ви помогнат брзо да излезете од таа ситуација, но има уште ред други работи кои можат да ви помогнат за кратко време да го смирите вашето тело и мозок. Кои од овие погоре напишани ќе ги искористите, тоа само од вас зависи. Од вас, исто така, зависи и кои од овие совети ќе ги имплементирате.

Со успех во промените.