СН Осигурителен брокер АД Битола распишува конкурс за најдобар истражувачки труд и најдобар есеј од областа на осигурувањето

36

Осигурително брокерско друштво СН Осигурителен брокер АД Битола во соработка со факултетот за туризам и угостителство од Охрид, Универзитет Св. Климент Охридски Битола распишува конкурс за најдобар истражувачки труд и најдобар есеј од областа на осигурувањето.

Право на учество на Конкурсот имаат студентите од прв циклус на студии на насоката Осигурување при Факултетот за туризам и угостителство Охрид, УКЛО Битола, кои имаат запишано семестар во академската година 2020/2021 година.

Студентот има право со посебни трудови истовремено да конкурира и за истражувачки труд и за есеј.

Конкурсот за есеј е тематски, посветен на осигурувањето: “Бидете безбедни во секоја фаза од животот“ (говорејќи за осигурување на живот)

Истражувачкиот труд се изработува по слободен избор во областа од осигурувањето.

Истражувачкиот труд и есејот треба да бидат изработени во согласност со Упатството за методологија за истражувачки труд, односно есеј, од Универзитетот Св. Климент Охридски Битола, објавени во прилог на овој конкурс.

Начин на доставување на трудовите:

Трудот односно есејот се доставува во електронска форма на следната е-маил адреса:

konkurs@snbroker.mk најдоцна до 10.03.2021 година.

Критериуми за оценување и рангирање

Истражувачките трудови и есеи ќе се оценуваат анонимно од посебни Комисии формирани од ФТУ Охрид и СН Осигурителен Брокер АД Битола кои определуваат поблиски критериуми за вреднување на пристигнатите истражувачки трудови, односно есеите, a во согласност со критериумите, методолошкиот пристап и упатствата за изработка на истражувачки трудови и есеи од УКЛО Битола.

Награди и признанија

За најдобрите истражувачки трудови и најдобрите есеи се доделуваат плакети и парични награди, и тоа:

  1. Истражувачки труд

– прва награда 30.000 денари
– втора награда 20.000 денари
– трета награда 10.000 денари

  1. Есеј

– прва награда 15.000 денари
– втора награда 10.000 денари
– трета награда 5.000 денари

Подетални информации може да се добијат од Продеканот за настава при ФТУ Охрид, Проф. д-р Александар Трајков (aleksandar.trajkov@uklo.edu.mk) или од Маја Митревска -раководител за човечки ресурси во СН Осигурителен брокер АД Битола (maja.mitrevska@snbroker.mk).

Упатство за изработка на  есеј

Упатство за изработка на истразувачки труд