Многу пред да се појават игрите Candy Crash Saga, Clash of Clans и Angry birds, телекомуникациската компанија Nokia беше препознатлива по култната игра Snake, пишува Гардијан.
Играта за прв пат се појави во 1997 година на мобилниот телефон Nokia 6110, а веќе на 14-ти овој месец ја добива современата верзија за паметните телефони.
Финецот Танели Арманто, кој е креатор на оригиналната верзија, во овој момент работи со студиото Rumilius Design и работи на создавање на апликацијата под името Snake Rewind.
Играта ќе биде достапна на iOS, Android и Windows Phone од 14-ти мај.