Snapchat е најголемиот победник во падот на Facebook (инфографик)

51

Користењето на Snapchat порасна за повеќе од 20% откако во понеделникот услугите на Facebook престанаа да работат шест часа. Тоа е и најголемиот победник меѓу конкурентските апликации за време на најлошата несреќа за американскиот гигант во последните години, пишува Bloomberg.

Facebook ги обвини проблемите со конфигурацијата на мрежата за падот на апликацијата на компанијата, од Messenger до Instagram. Сепак, она што се случи насочи дел од сите 2,7 милијарди дневно активни корисници на Facebook кон конкуренцијата.

Според податоците од Sensor Tower, споделени од Bloomberg News, Snap забележа зголемување од 23% во времето поминато во апликацијата на Android во споредба со истиот ден минатата недела. Кризата на Facebook, исто така, доведе до поголема активност во апликациите Telegram, Signal,Twitter и TikTok на 4 октомври, додаде компанијата.

Проблемот со услугите ги погоди малите бизниси и им даде ново оружје на критичарите и властите, кои велат дека компанијата прерасна во огромен монопол што треба да се намали.

Основачот на Telegram, Павел Дуров, рече дека неговата апликација додала 70 милиони корисници и во понеделникот достигна нов врв на регистрации и активност. Се искачи на врвот на листата со најмногу преземени апликации во App Store на 40 пазари, додека Signal беше број еден во Полска и во првите 10 на 35 пазари, додава Sensor Tower.

Алтернативи како Telegram, кој има скоро ист интерфејс и функционалност како WhatsApp, претходно додаваа милиони корисници секој пат кога најпопуларниот светски сервис за чет „паѓаше“, иако многумина брзо се вратија на апликацијата Facebook откако неговата работа беше обновена.

“Ги поминавме последните 24 часа размислувајќи за тоа како можеме да ги заштитиме нашите системи од овој вид на несреќа“, рече извршниот директор на Facebook, Марк Цукерберг пред вработените.

“Големата грижа во таков пад не е колку луѓе се свртуваат кон конкурентни услуги или колку пари губиме, туку што значи тоа за луѓето кои се потпираат на нашите услуги“, рече тој.